Street gif

Поддршка за спортот и спортистите, ветува Наташа Петровска

Октомври 03, 2017
Наташа Петровска во посета на спортската сала Наташа Петровска во посета на спортската сала

При посетата на Кугланата во Спортската сала во Битола, кандидадот за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска, вети поддршка за спортот и подобри услови за спортистите.

-Битола е спортски град, а битолчани дишат за спортот. Често ќе следам спортски настани, а како идна Градоначалничка на Битола, ќе го помагам максимално спортот. Во Битола имаме Спортска сала, руинирана и со многу слабости, но во неа има и Куглана. Нашите заложби за развој на спортот во Битола, се токму во ветената изградба на нова Спортска сала во нашиот град, од страна на локалната самоуправа, секако во соработка со централната власт, со Агенцијата за млади и спорт. И цел потег до Тумбе Кафе, Стадионот и околните терени ќе се реновираат, а ќе се одржуваа и постојните терен, рече Петровска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани