Развој на руралниот туризам, вети Борче Димитровски

Октомври 03, 2017
Борче Димитровски, носител на листа со кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери Борче Димитровски, носител на листа со кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери

Борче Димитровски, носител на кандидатската листа советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе се залага за развој и субвенционирање на руралниот туризам.

-Нашите села сеуште имаат традиционален живот, автентична архитектура и гостопримливи домаќини. Заедно со мојот тим  ќе се залагаме за посилно субвенционирање на ваквите бизниси , унапредување на вештините на луѓето од овие краишта и се разбира промоција на нашата општина за алтернативен туризам. На крајот нашата најсилна заложба ќе биде да за кусо време ги зголемиме можностите за користење на ИПАРД мерката за развој на рурален туризам , која овозможува финансирање на ваквите бизниси до 75% од вредноста на инвестицијата- рече Димитровски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани