Street gif

ПЕТРОВСКА ПОКАЖА МЕДАЛ ОД ПИНГ- ПОНГ И ВЕТИ ПОДДРШКА НА СПОРТОТ ВО БИТОЛА

Октомври 03, 2017
наташа Петровска со медал од државно првенство во пинг-понг наташа Петровска со медал од државно првенство во пинг-понг

Сум имала прилика во мојот живот да се радувам на освоен медал, знам што значи радоста кога ќе ви го стават медалот на градите, рече Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери. Тоа, на прес конференцијата го потврди покажувајќи го личниот медал што го добила на државно првенство во пинг –понг.

 

 По ова вети дека доколку ги добијат изборите ќе подигнат  мултифункционален спортски комплекс кој што ќе ги врати спортовите во Битола како што се пинг понг, куглање, бокс, гимнастика, атлетика.

-Битолчани, младите мора да имаат палета за избор на спортови како би се пронашле во еден од нив. Само така можеме да градиме здрави генерации, само така може да имаме здрава младина. Тоа е обврска на локалната самоуправа што ја презедовме и ќе ја реалзираме, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани