Street gif

Родителите нема веќе да плаќаат за обезбедување по школите, вети Петровска

Октомври 05, 2017
Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на СДСМ

Родителите на школски деца нема веќе да плаќаат за обезбедување на училиштата, вети денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Наташа Петровска.

-Обезбедувањето во училиштата, повеќе нема да биде должност на родителите, нема да се базира на таканаречениот „наменски денар“, туку тоа ќе биде должност и обврска на локалната самоуправа и таа тоа ќе го обезбедува-вети Петровска.

Таа најави финансиска помош и грижа и за децата, ученици од социјално ранливите семејства, за почетокот на секоја учебна година, како и повеќе активности за децата со посебни потреби во делот на спортот.

-За жал оваа локална самоуправа што ја имавме досега, ги остави родителите на децата со посебни потреби сами да се организираат , сами да ги финансираат и самите да им овозможуваат на своите деца спортски активности. Новата локална самоуправа сите активности ќе ги преземе на свој грб-рече Петровска.  

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиција , меѓудругото вети и обезбедување на енергетска ефикасност на училиштата , преку сончеви колектори со средства од надворешни фондови, изградба, реновирање и опремување на спортски сали и спортски терени, доопремување на кабинетите и библиотелите по училиштата.

Петровска им го честата денеска Меѓународниот ден на учителите, на сите свои колеги порачувајќи им да не се плашат за своите работни места. Стегите и притисоците , коишто постоеја во училиштата ќе бидат минато, им порача Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани