2win800x200

Покрај социјална правда, Левица ќе се залага и за чиста животна средина

Октомври 10, 2017

Покрај работничките права, од исклучително значење за едно општество е и чистата животна средина, рече денеска на прес конференција, Ивана Атанасовска, од Левица, носител на кандидатска листа за советници во општина Битола.

„Покрај целта на остварување на работнички права и социјална правда на Левица како работничка партија, ние како кандидати за советници во Советот на Општина Битола исто така ќе се залагаме за чиста животна средина, затоа што сметаме дека тоа е од исклучителна важност за едно општество. Тоа значи дека ќе бараме пешачки зони во централното градско подрачје, исто така, ќе бараме субвенционирање на велосипеди и алтернатива изнајмување на велосипеди. Ќе бараме да има се поголеми контроли за нелегалната сеча, односно уништувањето на природата на територија на општината, но ќе се залагаме и за се она што би значело чиста животна средина. Поради тоа што во Битола од исклучително значење е и превозот, ќе бараме и субвенционирање или намалување на цените на авто-школите во соработка со АМСМ, а доколку тоа не е возможно, ќе бараме формирање на јавно претпријатие под Општина Битола, со тоа што цените на авто-школите би биле драстично помали од она што се сега.“ рече Атанасовска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани