Зоран Илиоски: Во Битола е многу направено, но допрва имаме уште многу работа

Октомври 13, 2017

Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, на завршното обраќање на последниот ден од изборната кампања за локалните избори 2017, рече дека во Битола досега е многу направено, но има уште многу работа, а од идеите на граѓаните со кои имал средби во изминатиот период, можел да напише уште една програма.

- Најмногу ви благодарам за критиките. Критиките отрезнуваат, приземјуваат и поттикнуваат. Не можеме да велиме дека ќе почнеме нова ера во Битола, без заеднички вистински да согледаме кај сме, кои сме, зошто сме и што сакаме. Без розови очила и без залажување. Во Битола е направено многу, но во Битола допрва имаме многу работа. Тоа што се почнало да се доврши, да се почне ново , да се напредува. Од средбите со вас, почитувани Битолчани, сфатив дека иако во кампањата влегов со конкретна издржана и остварлива Програма со прецизни извори на финансирање и рокови, од вашите сугестии можев да напишам и нова, дополнителна Програма со уште толку проекти предложени од вас, исто толку аргументирани и издржани, рече Илиоски

Посочи дека ќе исполни се што ветил во својата изборна програма.

-На почетокот ви реков дека сум човек кој не сака да го ветува она што не може да го исполни. Ми советуваа - не вели не знам, не вели - не можам, но едноставно таков сум – не ми дава душата да дадам збор за било што во ветер, да излажам само за да добијам глас повеќе. Но затоа пак, сите ние овде сме на еден начин жиранти, дека се што ветив, буквално се’, до точка, до запирка, мора да биде исполнето. И тука нема да има не можам, нема да има не сакам, нема да има откажување, затоа што сме дале збор, рече Илиоски и ги повика битолчани, в недела, на 15 октомври да го заокружат бројот 13.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани