ВМРО-ДПМНЕ обвини дека и годинава нема нови учебници и бесплатен превоз за учениците

Септември 26, 2018

За тотален хаос и безидејност во образованието, денес на прес конференција обвини Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

„Втора учебна година започнува под раководство на оваа Влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, сеуште нема учебници целосно. За шесто одделение, две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови“, обвини Марина Стефановска Јовчева член на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

 

Таа додаде:„Не се обезбедени никакви нови учебници, освен оние кои останале како наследство од предходната влада, за СДС важно беше да се порачаат целокупните тиражи на учебници кои се веќе во употреба а се набавени во 2016“.

Стефановска- Јовчевска обвини проблемот со бесплатниот превоз на учениците сеуште не е решен, па иако им е загарантиран со закон,родителите на учениците кои што немаа превоз и во претходната учебна година,а и во оваа, сами ги сносат трошоците.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани