Продолжи уредувањето на речното корито на Шемница во Могила

Септември 27, 2018

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески заедно со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче и градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска направија увид на изведбените работи за уредување на коритото на река Шемница во Могила.

Во тек е четвртата фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Шемница во должина од еден километар и 200 метри. Откако ќе се заврши со оваа фаза ќе се почне со поставување на електрификација и урбана опрема, а доколку дозволат временските услови уредувањето на речното корито на река Шемница во општина Могила ќе биде завршено оваа градежна сезона, рече градоначалничката Јасмина Гулевска. За оваа фаза предвидени се над 2,7 милиони денари.

 

Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој во континуитет дава поддршка на развојот на Пелагонсискиот регион. Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Видимче рече дека само годинава потпишале договори во износ од над 23 милиони денари, а заменик министерот Павлески рече дека овие средства во следниот еприод ќе се зголемуваат.

„Покрај изградбата на речното корито на Шемница во опшрина Могила во тек е и реконструкција на општински пат во општина Кривогаштани во должина од 450 метри. Веќе е склучен договор за набавка и ставање во функција на две комунални возила за собирање отпад за општините Крушево и Демир Хисар со нивните населени места, едно противпожарно возило за потребите на Територијалната противпожана единица од Прилеп, како и противпожарна опрема за единиците во Битола, Прилеп и Ресен вклучувајќи 16 професионални дишни апарати, 55 професионални комбинезони за пожар со ракавици и чизми , 10 противпожаени интервентни одела со шлем, ракавици јакна, панталони и друга опрема“, рече Видимче.42604126 606077116473524 6963773636301815808 n

 

42767855 168247264104987 6605352095690260480 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани