Street gif

ОУ „Климент Охридски“ вклучено во меѓународен проект против врсничко насилство

Декември 10, 2018

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ од Битола е единствено од Македонија вклучено во Ерасмус+проектот „Учење за надминување на елементи на насилство“ или во оригинал "Learning to Overcaoming Violence Elements"- L.O.V.E. Проектот започна годинава и ќе трае до август 2020.

 

„Во реализација на иститот,покрај нашето училиште учествуваат уште пет земји:Турција како координатор,Грција,Литванија,Полска и Италија. Целта на проектот е да се спречи насилството меѓу учениците и да се создаде среќна училишната средина. Како партнери за реализирање и остварување на поставената цел ќе работиме на тоа 24 месеци“, вели координаторот Снежана Стојанова.

Првата мобилност се реализира во периодот од 26 до 30 ноември 2018.год.во Хендек, Турција. На мобилноста присуствуваа координаторот на проектот Снежана Стојанова,директорката на училиштето Гордана Анастасова и наставничката по англиски јазик Љупка Петкова.

„Методот на работа за надминување на врсничкото насилство кој ни беше презентиран ќе се применува и во нашето училиште,затоа што со примена на истиот се постигнале видливи резулатати. Стекнатото искуство од посетата ќе биде пренесено како на колегите во училиштето, така и на пошироката јавност во периодот што доаѓа“, велат од ОУ „Климент Охридски“.kliment

kliment 3

klimentw

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани