Street gif

Преку грант од ЕУ Битолската болница ќе добие 12 софистицирани дијагностички апарати

Декември 22, 2018

Во организација на Клиничка болница Битола се одржа координативен состанок на македонските и грчките партнери во рамките на проектот COMETECH, дел од програмата за прекугранична соработка Грција -Македонија 2014-2020. Имено се работи за грант добиен од Европската Унија во рамките на споменатата програма во кој Клиничка болница Битола е еден од петтте партнери. Водечки партнер е Александар технолошки и образовен институт од Солун,како и Општата болница од Велес и Лекарската комора на Солун.

 

„Содржински се работи за проект за превенција и дијагностика на дијабетот и неговие последици. Во рамките на овој проект Битолската болница ќе добие 12 софистицирани дијагностички апарати со вредност од 47 000 евра меѓу кои со најголема вредност е неинвазивна офталмолошка камера за испитување на фундус. Со оваа апаратута ќе се врши бесплатен скрининг на 200 пациенти од општината. Целната група ќе биде одбрана од лекарскиот проектен тим, за што јавноста ке биде навремено информирана“, рече Сузана Конеска, портпарол на Битолската болница.48414200 313199689292255 4748651838302060544 n

48418587 671748969888297 2621200291432759296 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани