Street gif

Барањето за вонредна седница е врв на политиканството и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ, смета советничката група на СДСМ

Јануари 12, 2019

Советничката група на СДСМ како врв лицемерие го оценува барањето на ВМРО-ДПМНЕ за вонредна седница на Советот на Општина Битола, затоа што велат, во нидна прилика тоа не го побарале за време на владеењето на оваа партија во изминатите години. 

„Врв на политиканство и лицемерие е да се бара вонредна седница на совет од страна на лицата кои во изминативе 12 години ниту еднаш не се осмелиле тоа да го побараат додека цунамито ДПМНЕ ја пустошеше Битола.

Доколку грижата која ја искажуваат сега, ја демонстрираа во нивниот 12 годишен мандат ќе ги оставеа Општината и Јавните Претпријатија во многу подобра кондиција за справување со вакви и слични природни непогоди. Ниту им било, ниту им е грижа за нашиот град, тоа го докажаа многу добро, а за жал и продолжуваат да го докажуваат.

Општина Битола е во постојана координација со сите јавни претпријатија, како и со канцеларијата на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел целосно да се нормализира состојбата во градот. Механизацијата со која располагаат, заедно со подизведувачите ставени се во фукнција 24 часа. Сите сообраќајни коловози од прв и втор приоритет и скоро сите споредни патишта се исчистени, а во текот на викендот ќе следи уште една акција за дорасчистување на снежните наслаги. Поради обилните врнежи и ниските поларни температури кои ја зафатија Битола функционирањето е отежнато, меѓутоа ситуацијата е веќе ставена под контрола.

Дежурните телефонски линии на јавните претпријатија остануваат отворени за граѓаните 24 часа. Воедно, сакаме да им се заблагодариме за нивната соработка и трпението.

За крај, сакаме да истакнеме дека Битола и битолчани за нас како советничка група се секогаш на прво место и доколку има потреба од вонредна седница поради било која причина секогаш стоиме на располагање. Меѓутоа сметаме дека во овoј момент кога непрекинато функционираат сите витални институции во Општината, не е коректно некој да се обидува да придобие политички поени на грбот на битолчани и природната непогода што го зафати овoј град“  пишува во соопштението на советничката група од СДСМ во Советот на Општина Битола.

Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Општина Битола ,а како причина ги наведоа екстремно ниските температури, зголемените снежни врнежи, зголемениот број повреди на граѓаните, а како жртва на невремето наведоа и едно лице кое загина во сообраќајна несреќа што се случи изминативе денови.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани