ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ГИ ПЛАЌА ТРОШОЦИТЕ ЗА ГРАДИНКА НА ДЕЦА НА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ

Февруари 14, 2019

Општина Битола ќе го покрие надоместокот за градинка на деца на самохрани родители од Битола чија плата не е повисока од минималната. Вакво барање достави Детската градинка „Естреа Овадија Мара“ до Советот на Општина Битола да донесе одлука за покривање на трошоците за згрижување на децата од самохрани родители кои го остваруваат правото на ослободување од партиципација во Јавните установи за деца на подрачјето на општина Битола.

 

Децата од Битола кои спаѓаат во оваа категорија од плаќање градинка се ослободени уште од март минатата година кога Министерството за труд и социјална политика донесло одлука самохраните родители кои имаат ниски примања да не плаќаат ваков надоместок. Сега се бара тие средства да ги покрива Општината, а одлуката се очекува да биде донесена во вторник на седница на Совет.    

Средствата што ќе се користат за покривање на трошоците за згрижување на децата се предвидени во Програмата за остварување на социјалната, детската и здравствената заштита во општина Битола за 2019 година.

           

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани