Во прекин уличното осветлување на патот Битола- Каравари, екипи работат за отстранување на дефектот

Март 15, 2019

При изведување градежни работи за дислокација на енергетски кабли кои се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал, прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари. Поради тоа, во овој дел на општина Битола, два дена има прекин во уличното осветлување.

Од екипите на ЕВН, добиена е информација, дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани