ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА МАСОВНО ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ ВО БИТОЛА

Април 19, 2019

Еко центарот кој што работи под закрила на ЈП „Комуналец“ и со поддршка на Општина Битола, е носител на големиот настан кој што ќе се случи по повод Денот на планетата земја на 22 април. По серијата на презентации одржани во основните и средните училишта и во сите детски градинки во општината како дел од активностите на Еко центарот, ќе се случи првата заедничка оперативна координација на одбележувањето на овој ден. Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски, во присуство на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на образовните институции во градот, на координативната средба ги договорија конкретните чекори за локациите и начинот на делување на терен.

„Сите заедно во понеделник, во 12 часот заеднички ќе го одбележиме Денот на планетата земја и со тоа ќе направиме заеднички чекор кон подигнување на свеста и менталитетот кај нашите сограѓани, во однос на селектирањето на отпадот и истиот да не се фрла насекаде. На пет различни пунктови во градот, односно во Старата битолска чаршија, на Плоштадот Магнолија, кај хотелот Епинал, кај Офицерскиот дом и во Новиот пазар, ќе бидат лоцирани ученици од најблиските училишта кои што гравитираат околу локациите и заедно со нивните наставници, ќе делат флаери на кои е прикажан начинот на селектирање на отпадот и ќе им објаснуваат на минувачите како тоа да го прават. Исто така, свои претставници ќе имаат и невладините организации кои ќе им се приклучат на учениците на соодветните локации. Преку првичната селекција на отпадот, ние практично учествуваме во незагадување на нашата животна средина“, рече директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски.дгерерг

сдфсдф

dffg

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани