„Поинаку“ од „Комуналец“ ги бара металните обрачи назад

Август 10, 2019

Граѓанската иницијатива „Понаку“ бара од Јавното претпријатие „Комуналец“ да им ги врати металните обрачи за кеси кои ги отстрани од битолските улици, за како што пишуваат во нивната реацкија, да можат повторно да ги насместат и битолчани да имаат каде да го фрлаат ѓубрето. Реакцијата на „Поинаку“ следува откако „Комуналец“ пред неколку денови ги тргна жолтите кеси и металните обрачи и на прес конференција соопшти дека тоа го направи по налог на комуналната инспекција.

„Бидејќи изнесовте дека во ноќта помеѓу 01 и 02 август 2019 година ги презедовте овие дејствија наводно по налог на комуналниот инспекторат при Општина Битола, бараме од Вас јавно да ја презентирате документацијата која согласно Законот за јавна чистота и Одлуката на Општина Битола од 2012 година ( објавена во Службен Гласник бр.14/2012 година ) треба да биде составена при преземање на вакви дејствија ( записник, фотографии, присутни лица, службени белешки, потврда за одземени предмети и останато – член 115, 116 и 117 од истата одлука ). Исто така презентирајте и документација и доставете информација до јавноста дали е формирана комисија од Градоначалникот на Општина Битола која е должна да постапува по жалби при вакви ситуации ( член 117 од истата одлука )“, пишува во реакцијата на „Поинаку“.

Понатаму прашуваат „по кој основ ги држите осум дена металните обрачи, каде се наоѓаат истите, зошто не ги враќате, за да можеме повторно да ги наместиме како битолчани би имале каде да го фрлаат ѓубрето низ градот“.

„Зошто објавивте дека започнавте постапка за набавка на 70 канти за ѓубре, дури откако ние наместивме обрачи со кеси, доколку до 01/08/2019 година имаше доволно канти за ѓубре низ Битола“, велат од „Поинаку“.

На местата од каде беа извадени кесите за ѓубре, поставени се лепенки со натпис „ Овде имаше кеса за ѓубре, Панде ја изваде“.

Директорот на Комуналец Панде Богоевски пре четири дена соопшти дека кесите се тргнати по налог на комуналната инспекција зашто со нив се прекрушуваат одредби од Законот за јавна чистота и Одлуката за одржување на јавна чистота на јавните површини во Битола, ја нарушуваат амбинеталноста на градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани