Ноември 14, 2018

Новата општинска власт го плати наследениот долг кон спортските клубови

Ноември 24, 2017
Фото преземено од sportmedia.mk Фото преземено од sportmedia.mk

Општина Битола исплати над 60 000 евра или 3 670 000 денари долг кон спортските клубови во градот. Во писменото соопштение од Општина Битола пишува дека иако обврските беа преземени, а истите не беа исплатени од претходното општинско раководство, градоначалничката Наташа Петровска, со цел да не се доведе во прашање функционирањето на спортските клубови, одлучи да ги исплати заостанатите средства.

Исплатени се 800 000 денари на Кошаркарски клуб „Пелистер“, 1 270 000 денари на Ракометен клуб  „Пелистер“ и 1 600 000 денари на Фудбалски клуб   „Пелистер“. Со денешната уплата на средствата на Фудбалскиот клуб „Пелистер“, Општина Битола во целост ги исплати обврските кон овој клуб кои произлегуваат од меѓусебниот договор.

Во соопштението пишува дека градоначалничката Петровска и во иднина, во рамките на финансиските можности на општината, ќе го поддржува спортот во Општина Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани