Костурска-приоритет ни е подобрувањето на животниот стандард

Декември 04, 2019

Ние сме одговорна партија чиј единствен приоритет се граѓаните и подобрување на животниот стандард! Не само што ја гарантираме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори, рече денска на прес конференција Емилија Костурска советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.

-Со изедначување на минималната плата во 2017 година за работниците во текстилната и кожарската индустрија постигнавме зголемување на просечната плата во производство на облека за 16%, а во текстилната индустрија за 24%, односно за 3.870 денари. Со зголемувањето на минималната плата, обезбедивме повисока плата за 90.000 граѓани. Во моментот минималната плата во државата изнесува 12.507 денари.

Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат. По постигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, рече Костурска.

Според неа  потврда за одговорноста на владата е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година. Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар,  откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто. Наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати над  20 отсто.

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани, рече таа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани