Август 20, 2018

Олимписка обука за спортистите да станат спортски менаџери

Декември 29, 2017

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Општина Битола одржаа олимписка обука за спортската администрација и спортисти како да подготват успешни спортски прокети и да станат спортски менаџери.

„Ние имаме ситуација во која врвните спортисти кои ја завршуваат својата кариера им фали тој дополнителен едукативен момент за да станат спортски менаџери. Врвниот спортист по дефиниција е интелигентен човек, меѓутоа за да се биде успешен врвен спортист бара многу вложување, а најчесто првата жртва е доброто образование. Токму овој циклус на обуки е наменет таа празнина да ја пополниме и врвните спортски имиња кои завршуваат со кариерата да имаат шанса за кариера после кариера, со мало дообразување, дооформување на своите менаџерски способности да станат успешни спортски менаџери“, рече Даниел Димевски, член на Олимпискиот комитет и советник на премиерот за спорт.

Обуката за напреден спортски менаџмент беше наменета за идните спортски лидери на спортските клубови, федерации, генерални секретари, спортски директори и други спортисти.

„Сакаме на Битола да ѝ дадеме дополнителен шмек, административен, бидејќи Битола е еден од најспортските градови во нашата држава каде што имаме редок слулчај на присуство со сите три колективни спортови, а верувам дека и во индивидуалните постои извонредна база, извонредна спортска култура, население кое препознава , го сака и го поддржува спортот“, додаде Димевски.  

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека како локална самопуправа треба да вложуваат максимум за да се направи вистинско поместување на состојбите со спортот во Битола.

„Мора да направиме поинаков поглед на тоа во која насока треба да се движат работите во спортот како да се мотивираат стопанствениците да гледаат поинаку во спортот, да се гледаат себеси во спортот и на спортските работници да им се отвори патот за подобри услови за свое делување“, рече Петровска.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани