Август 20, 2018

Почнува реализација на проелтот „За зелена Битола“

Јануари 29, 2018
Фото: Градоначалничката Наташа Петровска и директорот на ЈП„Комуналец“ Панде Богоевски Фото: Градоначалничката Наташа Петровска и директорот на ЈП„Комуналец“ Панде Богоевски

ЈП Комуналец во соработка со Општина Битола и АД ЕЛЕМ Скопје – Подружница Битола, започнуваат со реализација  на проектот насловен „За зелена Битола“. Со проектот предвидено е засадување на 3000 стебла садници, со што ќе се збогати зелениот фонд во општината, а истовремено се преземаат и конкретни мерки против загадувањето.

 

„Согласно програмските определби кои што ги имав како градоначалник, а се однесуваа на зазеленување на повеќе површини во нашиот град, зголемување на бројот на садници во централното градско подрачје, она што го побарав од директорот на ЈП Комуналец, во нашите први официјални работни средби, но и од останатите јавни претпријатија од нашиот град, беше како да се организираме за оваа замисла да ја ставиме во реализација. На овој начин, идејно затвораме еден проект, кој веќе треба да започне со имплементација на засадување на зимзелени дрвја во нашиот град, но и во околината. Замислата е да се посадат 3000 елки, што ќе значи создавање на мини паркчиња кои нема да бидат само оној централен градски парк кој што го знаеме, а ќе бидат во функција на разубавување на нашиот град, но и во функција со справувањето со аерозагадувањето на нашиот град. Голема благодарност до директорот на ЈП Комуналец и директорите од останатите ЈП, кои веќе ги имаат изработено фазите на мапирање на тоа каде треба да бидат поставени насадите, а веќе ја имаат поставено и целата организациска структура, како јавните претпријатија со механизацијата и логистика со која располагаат, можат да се вклучат во овие активности. Акцијата ќе биде во три фази, а за кратко време ќе се согледаат за кратко време намерите кои биле поставени во моите програмски определби. Станува збор за дрвја кои се во добра виталност и можност за напредок, така што сакам да нагласам дека динамиката со која што ќе бидат засадувани, ќе биде согласно временските определби и онаа динамика што можеме ние да ја следиме во делот на наводнувањето на истите. Но, мислам дека ќе биде задоволителна динамика, која граѓаните ќе можат да ја видат во следниот период. И она што посебно ме радува, е тоа што станува збор за садници кои се за ова поднебје препознатливи и навистина можат да егзистираат, за разлика од минатиот период кога беа засадувани дрвја кои беа непрепознатливи за ова поднебје, се трошеа финансиски средства, но немавме ефект од сето тоа. Голема благодарност и до РЕК Битола и господинот Васко Ковачевски кој исто така ќе биде вклучен во оваа акција, што значи дека финансиски средства ќе бидат обезбедени од РЕК Битола. На тој начин, покажуваме дека и на ниво на држава, не е само Битола општина, од која што се зема, односно општина во која што се произведува, заедно со општина Могила и Новаци, електричната енергија, од која бенефит има цела држава, туку на овој начин и се враќа во општините кои што тоа го заслужуваат. Во фазите кои што ќе следуваат ќе бидат вклучени и општините Новаци и Могила“, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

 Засадувањето на садниците ќе се реализира според проектно утврдената динамика, односно во зимско – пролетниот и есенско – зимскиот период, додека одржувањето ќе биде континуирано.

„Финансиската конструкција ќе биде обезбедена од АД ЕЛЕМ – Скопје, Подружница РЕК Битола. ЈП Комуналец има ценовник за садниците. Ќе се засадува на сите јавни површини во урбаниот и руралниот дел на општината“, изјави Панде Богоевски, директор на ЈКП Комуналец, Битола.

Засадувањето на првите садници ќе започне кај паркот во близина на ОУ Климент Охридски во среда.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани