Ноември 14, 2018

Маица од Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ подарок за Петровска

Февруари 02, 2018

Ракометарките од Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ на битолската градоначалничка Наташа Петровска ѝ подарија маица со нејзиното име и бројот 18, кој го симболизира датумот на нејзиното раѓање. Претставниците од овој клуб ја посетија Петровска во нејзиниот камбинет за време на денешниот отворен ден со граѓаните што се организира секој петок.

 

На средбата се разговараше за перспективите на женскиот ракомет во градот и беше договорено општината и понатаму во рамките на своите можности да го поддржува развојот на женскиот ракомет во Битола.

На денешната средба со битолчани, Петровска имаше многубројни разговори со граѓани за нивни проблеми, сугестии и идеи.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани