2win800x200

Обид за враќање на усната традиција за поетски рецитали

Март 22, 2018

По повод Светскиот ден на поезијата во салата за промоции на НУУБ„Св. Климент Охридски“ се одржа поетска манифестација, на која учестуваа млади поети од основните и средните училишта од градот, како и други млади таленти, кои претходно се пријавија на отворениот распишан повик за учество на манифестацијата со свои поетски творби.

 

„Националната установа Универзитетска библиотека ‘Св.Климент Охридски’ - Битола секоја година дава   поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите“, рече директорката на НУУБ „Св.Климент Охридски“ м-р Јелена Петровска за време на манифестацијата.29497149 10155239408696674 5313818875316404224 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани