Поради трагичните случувања во Тетово и прогласената тридневна жалост на територијата на целата држава, МКЦ информира  дека настаните кои беа најавени во рамките на Битола отворен град, ќе се реализираат во недела на 12 септември 2021 година во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис со почеток во 20.00 часот.

Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Младинскиот Културен Центар (МКЦ) од Битола, денеска организираа Инфо ден за можностите за пријавување корупција и судир на интереси. На Инфо денот граѓаните беа информирани за мандатот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), којашто согласно со надлежностите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси. Нури Бајрами, член на ДКСК беше одговараше на прашања на граѓаните во врска со постапката за пријавување на корупција или судир на интереси.

Ученици од Државното музичко училиште од Битола во соработка со Младинскиот културен центар-Битола  и Младински иницијативи за дијалог и соработка од Битола работат на проектот ”Јас сум гласот на мојата генерација” чија цел да се поттикне креативното и критичкото размислување на учениците-средношколци на возраст од 16 до 22 години од Битола. Од Државното музичко училиште од Битола се вклучени ученици од втора, трета и четврта година под менторство на професорот по џез и популарна музика и гитара Александар Талевски.

Изложба од петнаесеттина фотографии, насловена „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“,а замислена како мал патувачки проект кој треба да направи ,,game change,, во перцепцијата и само перцепцијата за жените , особено за самохраните мајки, синоќа беше отворена во изложбениот салон на Младинскиот културен центар-Битола.

Авторката Дороти Пачкова, академска сликарка, и родов експерт вели дека визијата на овој проект е да  влијае на културните ставови во општетството и да ги трансформира стереотипите.

-Оваа изложба е раакција на бранувањата кои се случуваат во нашето општеството за жените кои сами растат деца во Македонија. Решив на креативен и конструктивен начин да ги едуцирам љубителите на уметност и сите посетители,па направив мала патувачка изложба која е  создадена од концептуални фотографии кои укажуваа што се всушност самохраните мајки кои идентитети треба тие да ги градат за да може нормално да функционираат во не толку нормално општество, вели Пачкова.

На една од фотографиите  Дороти е со метла во раката, за што вели асоцира на вештерка како во Средниот век кога жените кои излегувале од нормите, кои биле малку послободни и кои не ги почитувале нормите зададени од државата биле прогласувани за вештерки. „Така и ние сега во нашите интерни кругови самохраните мајки се нарекуваме вештерки на модерното време,  канцери на општетсвото“, вели авторката самохрана мајка на 6 годишно момче.  

Изложбата веќе е претставена во шест градови во државата.

d 1

d2

d4

d5

d6

d3

 

Во Младински културен центар- Битола, утре од 19.00 часот, битолчани ќе имаат можност да ја погледнат патувачката изложба под наслов „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ на уметницата Дороти Пачкова. 

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани