2win800x200

Четири проценти од сопствениците на туристички рурални капацитети во земјава користеле субвенции од државата или пари од други фондови за унапредување на бизнисот, покажа истражувањето на Руралната коалиција, поддржано од УСАИД.

Борче Димитровски, носител на кандидатската листа советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе се залага за развој и субвенционирање на руралниот туризам.

-Нашите села сеуште имаат традиционален живот, автентична архитектура и гостопримливи домаќини. Заедно со мојот тим  ќе се залагаме за посилно субвенционирање на ваквите бизниси , унапредување на вештините на луѓето од овие краишта и се разбира промоција на нашата општина за алтернативен туризам. На крајот нашата најсилна заложба ќе биде да за кусо време ги зголемиме можностите за користење на ИПАРД мерката за развој на рурален туризам , која овозможува финансирање на ваквите бизниси до 75% од вредноста на инвестицијата- рече Димитровски

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани