– Во денешниов свет не е возможно да останете настрана од глобалните процеси каде што нашиот најголем национален и државен интерес е да градиме партнерство со сите оние за кои Европа е домот кој нѐ интегрира и нѐповрзува. Република Северна Македонија е држава која сигурно чекори кон својата иднина при што, убедена сум, нејзини најголеми поддржувачи кон европскиот пат се токму  младите – порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од Валандово.

Таа денеска пред инфо-точката за младинска соработка „Спојувалка“,  се обрати на отворањето на второто издание на Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“, на кој учествуваат млади луѓе од земјава и од Република Грција.

– Луѓето што ги сретнав денеска во градот и атмосферата што ја создаваат активностите на младите се потврда на мојата идеја дека  соработката на идните носечки умови во Европа со својата нова  автентична колективна енергија уште еднаш потврдува дека пријателството, идеите, креативноста и посветеноста го обликуваат светот во кој живееме – рече министерката за култура.

Според Костадиновска-Стојчевска, фестивалот е одлична можност за поттикнување на потенцијалот на младите генерации, да се дружат, да се забавуваат, да се запознаваат  и  да соработуваат  преку широк спектар  активности, како: интересни спортски игри, квалитетни културни содржини, музика, гастрономија.

– Верувам и знам дека фестивалот и во иднина ќе биде место каде што соработката ќе цвета, каде што идеите ќе се споделуваат, а инспирацијата ќе се множи. Заедно можеме да го изградиме светот што го сонуваме – свет полн со инклузивност, разнообразност и непрекинат стремеж за нови постигнувања – рече Костадиновска-Стојчевска.

Младинскиот фестивал „Доживеј ја соработката“ го организираат Младинскиот сојуз од Крушево и „SEE in Action“ од Република Грција,  кои се и иницијатори за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу младите од Северна Македонија и од Грција, „Соработка за заедничка иднина“, поддржани од Амбасадата на САД и од Амбасадата на Германија.

 
 

Младите од Битола дискутираа за приоритетите и можните решенија за нивните проблеми во рамките на процесот за изработка на Стратегија за млади на Општина Битола, проект кој е поддржан од ЕУа општината го реализира во соработка со Коалиција СЕГА .

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани