Нова метода на дијагностика Кор биопсија во Битолската болница

Март 29, 2019

Во службата за Радиологија  при Клиничката болница Битола започна да се изведува нова метода на дијагностика КОР БИОПСИЈА водена под ЕХО.

Ова е метода која досега се изведуваше само во клиниката во Скопје сега се изведува секој четврток и кај нас со закажување по мој термин. Дијагностичката метода ја изведува Др.Александар Димовски специјлист рендгенолог од Клиниката во Битола.Со ова ќе се намали чекањето, губењето време за одење во Скопје, а сигурни сме дека нашите пациенти ќе бидат задоволни и превентивно згрижени  со изведување на оваа метода во Битола како и успешно лекувани, велат од Клиничката болница -Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани