Август 18, 2019

Почна аплицирањето за субвенции во земјоделството за 2019 година

Април 19, 2019

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство информираат  дека започна  рокот за поденсување  барања за субвенции по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и  ќе трае до 30 Мај 2019 година. Апликациите се однесуваат за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство - за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и за заклани животни во кланица.

„Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето„, информираат од ПЕ на МЗШВ

Од понеделник, 22 Април 2019 година, во функција се ставаат и дисперзираните канцеларии во Новаци и Могила, а  сите земјоделци од тие општини барањата ќе можат да ги поднесуваат таму.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани