Во Библиотеката во Битола бесплатен курс за ИТ вештини

Јануари 10, 2020

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и „Сумнал“ - здружението за развој на Ромската заедница започнуваа да реализираат краток бесплатен курс од 7 часа за ИТ вештини од областа на фотошоп, илустратор и видео едитирање.Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно и ќе траат до средината на февруари 2020 година.

Овој курс ќе го држи волонтерот Андреи од Романија кој е дел од ЕВС проектот „Кажи да за промена“ финансиран од Еразмус + програмата.

Сите заинтересирани ќе треба да носат свој лап-топ (може и двајца на еден).
За подетални информации и пријавување на е-маил

 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Следниот час  ќе се одржи на ден 16.01.2020 година, со почеток во 17 часот во Читалните, во просториите на Библиотеката.

Можност да се пријават уште 5 лица.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани