Лидерот Никола Груевски и   локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ  во Битола, немаат легитимитет да управуваат со партијата, изјавија вечерва на прес конференција сегашни и поранешни членови на партијата и побараа оставки.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за Курир, објавено денеска, најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата.

-Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка.

Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа го мислев и тогаш на 15ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и  можам да го кажам и најдиректно и понепосредно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ или не.

На прашањето кога ќе се одржи конгресот, Груевски рече дека за тоа ќе одлучат орагните на партијата, но додаде дека оставката не мора да е поврзана со резултатите од анализата кои треба д азавршат за недела до две. 

Објавата на лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на неговиот ФБ профил, со кој тој ги повикува граѓаните „да излезат на протест пред Основниот суд во Скопје и да се спротистават на антидржавната политика на владеачката хунта“,  се претвори во огласник. Покрај коментарите за поддршка и изразен револт,  во текот на денот,  многумина,  во коментари објавуваат огласи.

600 000 евра општински пари потроши претходната локлна власт предводена од екс градоначалникот Владимир Талески за изградба на киното „Манаки“ на Широк Сокак, а до крај не го заврши проектот, па киното сѐ уште не е ставено во функција.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани