Здружението на пензионери од Битола го одбележа 20 септември, Денот на пензионерите, а Извршниот одбор и Собранието на Здружението под претседателство на Томе Димитровски и Крсте Белевски одржаа состанок на кој донесоа одлука да се формира Комисија за купување на просторија за клуб на пензионери каде нивните членови ќе можат да врват дел од слободното време. Комисијата ќе работи во следните денови, просторијата е најдена, само треба да се договорат со сопственикот за купување, а не за плаќање откупнина. Се донесе одлука за прифајќање на донацијата од ЈП „Комуналец“ за поставување клупи на влезот кај објектот на пензионерите  со што тој ќе добие естетика, а во следниот период ќе се изгради и настрешница. 

 В недела во Радовиш ќе се одржи спортски натпревар на пензионерите на кој ќе учествуваат 850 пензионери, од кои од Битола 30 лица во некоку спортски дисциплини. На 25 септмеври во Битоа ќе се одржи регионана средба со наслов „Пензионерите пеат“, ќе учествуваат десетина групи со по две изведби. Меѓу нив ќе биде и „Сирма војвода“ која работи при битолското здружение и неодамна настапи и на Илинденски денови и на други културни манифестации. 

 пен 2

пен 3

Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола ја завршија реконструкцијата на влезните скали кои водат кон просториите на Здруженијата. Новиот влез сега е пофукционален, има и пристапна рампа, па на пензионерите им се создадоа услови за непречено и побезбедно вршење на обврските и комуникација со Здруженијата.скали 2

скали3

Во Здружението на пезнионери во Велес во петокот се одржа Регионална ревија на пеачки групи од југозападниот регион на Македонија на која меѓу 12 учесници се претстави и пеачката група „Сирма војвода“ која работи при Здружението на пензионери во Битола. Таа настапи со две песни и остави мошне добар впечаток за што на претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, му беше дадена и посебна благодарница.

Се очекува Сирма војовода да земе учество и на Републичката смотра што ќе се одржи до крајот на годината во Скопје. Регионална смотра за скоро ќе биде организирана и во Битола.пен 3

пен 4

пен 5

Општина Битола и битолското Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка, а целта е унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеењее.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани