Стартува  двегодишниот проект „Одржливо менаџирање на агроотпадот за загревање на руралните области - AGROWCHAIN“ каде партнери се пелагониската општина Новаци и грчката општина Аминдео. На состанокот што вчера се одржа во Аминдео, Грција  присуствуваа сите партнери во проектот, а се разговараше за начинот на имплементација, следните активности на секој од партнерите и начините на комуникација.

Главната цел на проектот е да подобри управувањето со агроотпадот.

-Општина Новаци се соочува со проблем во однос на менаџирањето со агроотпадот. Општината менаџира со голем број на одводни канали, во чиишто корита неконтролирано расте трска, шамак и трева, кои доведуваат до затнување на истите. Заради тоа, ќе се создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој ќе се користи како гориво за загревање на градинката  во Новаци. Синџирот за снабдување ќе вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса. Создавањето на одржлив синџир на снабдување ќе го трансформира агроотпадот во корисно обновливо гориво што би резултирало со очигледен еколошки и економски бенефит . За таа цел за да можеме да го реализираме цел овој процес ќе набавиме опрема односно трактор со приколка, машина за балирање, хидраулична машина за чистење на канали и речни корита, котел за греење, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Главен партнер во проектот е општинското претпријатие за загревање на поширокиот регион на Аминдео- ДЕТЕПА, а како останати партнери од грчка страна се Центар за обновливи извори на енергија и заштеда CRES и Кластерот за бионерегија и животна средина на Западна Македонија CLUBE  (ГР). Додека од македонска страна водечки партнер е Општина Новаци и Агенција за поддршка на развојот за земјоделството АПРЗ Битола која се јавува како партнер.

Жителите на Новаци имаа можност да ја проследат хумористичната претстава „Лабуд и фамилија Марковски“ во изведба на „Солза и смеа“, која заради неповолните времеснки услови, наместо во дворот на Општина Новаци,  се изведе во општинската сала. Токму ограничениот простор беше причината што дел од љубителите на добриот хумор немаа можност да ја проследат претставата, поради големиот интерес и посетеноста на овој настан. Но, организаторот најавува уште една можност за сите заинтересирани. 

Агенцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Новаци организира практична вежба за гаснење пожар на отворен простор. Вежбата се одржува во Старавина, Мариово. Започна во саботата и трае до денес. На неа триесетина пожарникари се обучуваат како да гаснат пожари на отворено. Во изминатите години на Кајмакчалан често пати се случуваа големи пожари во тешко пристапни терени, па оттаму и потребата од вакви обуки.

DSC 0758

DSC 0773

DSC 0777

DSC 0759

Во тој крај, чифлик-сајбиите со полни кеси златници купувале села еден од друг. Турците помагале да се изградат цркви за да добијат пород. Имало жители со по 116 години, а на почетот на дваесетиот век села со импровизирани железници и жичници. Вака истражувачот Ѓорги Лазаревски го опишува минатото на давесетина села од новачкиот крај чие постоење било забалежано во турските тефтери од 1468 година, а денес се исчезнати од картата на Новаци. Тоа е една од најголемите општини по територија во Македонија, но и една од најретко населените. Така, од некогашните села Чегел, Петалино останале гробови, од Грдилово, Букри, Грабаново нема трага.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние при денешната посета на Општина Новаци рече дека тука има спомени кои му лежат на срце и дека чувствува оти ова место има дел и од неговата историја. Тој откри дека неговиот чичко Ловел Риш, по професија ликовен уметник, бил со француските војски на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Храброста и ужасите на војниците, како и страдањето на цивилното население го претставил на своите уметнички дела.

Страница 1 од 3

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани