-Наша долгорочна идеја е токму преспанскиот регион да биде прогласен за културен и природен предел под заштита на УНЕСКО, како што е охридскиот регион.

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Преспа најави дека црквата во Курбиново ќе биде реставрирана и конзервирана до крајот на 2019 година.

Aдминистративните процедури беа отпочнати од претходно и очекуваме тие многу брзо да завршат. Проектот е изработен, ќе се направи ревалоризација и веднаш потоа почнуваме со работа зашто имаме сознанија дека објектот продолжува да се риунира. Ние парите ги имаме и веднаш ќе пристапиме кон спасување на објектот. Од Владата на Министерството за култура се префрлени 10 милиони денари за да се отпочне процесот за заштита на Офицерскиот дом.   

Граѓаните на Битола јасно кажаа дека сакаат тоа да биде културен простор. Детално за тоа во чие владение ќе биде, кој ќе управува и каков тип на култура и уметнички дисциплини ќе се изведуваат останува допрва да одлучиме. Ќе се направи јавна дебата во која преку учество на граѓанирте и граѓанските асоцијации ќе се дојде до најдобриот модел во однос на тоа каков тип на култура ќе се развива„.

Итна санација на покривот на Сарајот во Ресен, констаирал министерот за култура, Роберт Алаѓозовски,  при денешната посета на овој објект, што е едно од најзначајните културни наследства во неокласичен  стил, изграден пред повеќе од еден век. 

saraj2

saraj3

Владата отвори посебна ставка во буџетот на име Офицерски дом  на која засега се ставени 10 милиони денари за стартот на реконструкцијата на Офицерскиот дом, а и понатаму ќе се издвојат уште средства за целосна санација на објектот, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани