Август 20, 2018

 

Денеска започна изграбата на колекторско-канализациониот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.

Министерството за животна средина издвои 3,5 милиони денари за доизградба на колекторскиот систем кој ќе ги опфаќа отпадните води од  Потпелистерските села, најави денеска заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на средбата со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Деновиве се навршуваат 60 години откако група битолски ентузијасти ги направија првите обиди за прием на телевизиска програма во Македонија, на врвот Пелистер, на планината Баба, со што битолчани имаа можност први на Балканот да го следат реемитуваниот ТВ сигнал на Италијанската радио телевизија РАИ 1.

Како што некогаш битолчани доброволно го градеа планинарскиот дом Копанки, така викендов планинарите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ и други граѓани доброволно се зафатија со расчистување на опожарениот дом. Во доброволната работна акција се изведуваат припремни земјeни работи со цел санација на домот кој изгоре пред пет години. Планинарите и доброволците го чистат домот од разрушени градежни материјали и вегетацијата со која беше обраснат. Акцијата го носи името „Сите за Копанки, Копанки за сите“.

Страница 1 од 4

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани