Синоќа во Центарот за култура во Битола беше отворена изложбата „Црвено или сино“ на авторот Никола Славевски.

Алал/Ј'зк

Декември 07, 2017

Алал/Ј’зк

Алал за академскиот сликар Никола Славевски кој ја создаде оригиналната инсталација за егзодусот што ѝ се случи на Битола со иселувањето. Инсталацијата пред неколку месеци беше поставена пред споменикот на Филип Втори во Битола, а деновиве е дел од неговата изложба „Обои црвено“ поставена во Фоајето на Центарот за култура. Инсталацијата се состои од скенер за метал како оној на аеродромите, редица куфери и импровизирана авионска карта за лет во странство. На неа на местото патник на англиски пишува млади, заминување- колку што е можно побрзо, а како компанија е наведена „Independent MKD Airlines“.

„Инсталацијата всушност е крикика на процесот на иселување на младите во државата, односно на негрижата на општеството и заедницата за проблемот. Имавме период кога претходната власт беше многу понационалистичка, зборуваше за патриотизам, а мене ми беше нелогично како некој зборува за патриотизам, а не создава услови за живот на младите генерации, на оние кои се иднината“, вели Славевски.

Ј’зк зашто не се создадоа услови битолчани да останат во својот град, да имаат работа и езгистанција, па да не мора иднината да ја бараат по белиот свет. Битола се испразни со иселеничкиот бран во последните години. Нема официјална бројка колку битолчани заминаа, но паралелките во училиштата се празнат како никогаш досега. Не остана семејство во градот кое нема некој роднина што заминал во странство. Се смета дека Битола уште еднаш ја доживува историјата од 20 век кога  беше најпечалбарски град во земјава.

Продолжува агонијата на поголем број семејства од Битола кои иако ги платиле дрвата за огрев, шумските претпријатија  сѐ уште не им ги доставиле. Температурите во вечерните часови се спуштија под нулата, а на Пелистер веќе падна и снег што влијае во градот да се здражи постудено време. За жал, семејствата кои останаа без дрва, мораат да се снаоѓаат на други начини за да ги загреат домовите.  

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани