Во организација на Општина Битола познатите ликови и јунаци од цртаните филмови-Кловнот Заги, Мики и Мини Маус, Чејз, Елса, Принцезата Бел, придружувани од Дедо Мраз и Баба Мразица и Новата година низ Широк Сокак, донесоа радост за децата.

Децата од градинката  "Мајски Цвет"- Битола  први ја честитаа Новата година на  неколку јазици-ромски, германски, албански, турски, бугарски, француски, српски, англиски и македонски. Погледнете го видеото што го подготвија вработените од оваа градинка

Четириесет минути по полноќ, во битолската Клиничка болница се роди првото бебе во Новата година. Мајката Александра Максимиовска од Битола, на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3250 гр и долго 49 цм..

 Голем број битолчани ја дочекаа Новата 2019 година на плоштадот Магнолија во Битола. Точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година,  по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која беше меѓу своите сограѓани на Магнолија. 

 Во недела во текот на ноќта и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани