Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција, престојува делегација од Општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.

Пожар денеска избувна во гаражата на поранешната амбуланта во Новаци, објкет лоциран на излезот од селото кон РЕК Битола. Огнот се проширил кон објектот, откако засега непознато лице го запалил стрништето на десетина метри од амбулантата.

Општина Новаци започна со изградба на атмосферска канализација во населеното место Новаци во должина од 450 метри .Средства се обезбедени  по договорот за отстапување на  средства од фосилни горива со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Деновиве интензивно се  работи на терен за подобрување на условите за живот на граѓаните на населено место Новаци.

 

  kanal1

kanal3

kanal2

Зелениот отпад во Пелагонија ќе се користи за биогориво од кое ќе се добива топлинска енергија.  Трската и други нискостеблести растенија во руралните средни предизвикуваат сериозни еколошки проблеми. Неконтролираното растење на оваа вегетација во каналите и речните корита е причина за поплави во Пелагонија, а земјоделците често пати од овој отпад се ослободуваат со палење и освен што е опасно, предизвикува и загадување на животната средина. Општина Новаци и грчката општина Аминдео се вклучени во проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини“ поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка, а со производство на биогориво ќе се затоплуваат општински згради од двете страни на границата. 

Велика Новевска од општина Новаци на 91 година излезе да гласа. На гласачкото место 161 се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата.

„За години не прашувајте, девеесетката ја заминав, но должност ми е да си го оставрам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани