На 22.2.2024 година во Центарот за култура, со почеток во 20:00 часот, Битолскиот дувачки оркестар ве поканува на нов концерт насловен „Funk & Soul“. Гостинка на концертот ќе биде Ана Петаноска.

Публиката ќе има можност да слушне голем број популарни светски хитови од Ејми Вајнхаус, Арета Френклин, Ренди Крафорд, Херби Ханкок и многу други.

Билетите можете да ги набавите на билетарницата во Центарот за култура.

duvacki 20 2

Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“ ќе има своја премиера пред битолската публика. На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот.

“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина.

Режија: Вардан Тозија

Сценарио: Вардан Тозија, Даријан Пејовски

Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:

Проекции во голема сала:

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00

 

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани