275 години ќе ви требаа да бидите на власт за да ги вложите парите што ние ги даваме за животна средина, им рече претседателот на Советот Валентин Груевски на советниците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои денес ја критикуваа мерката за субвенционирање на клима инвертери во Битола. На денешната седница беа донесени измени и дополнувања на Програмата за живота средина за 2020 година, со тоа што буџетот се зголемува со 160 милиони денари или 2,5 милиони евра наменети за замена на печките на дрва со инвертер клими.

Советничките од владеачката коалиција предводена од СДСМ денес ја напуштија седницата на Совет во моментот кога на говорницата застана советникот на „Понаку“ Иван Чулакоски да дискутира.

„Се додека не добиеме одговор, на начин на кој го побаравме, ќе напуштаме дискусија. Тој одбра палки, камења и линч, ние одбравме бојкот“. Демократско право е, исто такво какво тие имаат за протестот“, рекоа советничките од СДСМ за Апла.мк.

Локалното мнозинство и опозицијата денес расправаа за развојните планови на Општина Битола во периодот од 2020 до 2022 година. Опозицијата обвини дека едно од главните ветувања што било дадено уште во претходната развојна програма не е реализирано, а тоа е гасифиакција. Од власта им одговорија дека екипа од Општината посветено работи на реализацијата на тој прокет, но ќе го направат и Офицерскиот дом, трибината на Стадионот, како и реконструкција на улицата „Илинденска“.

Место пари за пари за врби, мостови и споменици, оние што вчера рековте дека прошетале низ Битола, таа влада или тие Електрани издвојуваат 2 и пол милиони евра за набавка на клима инвертери во општина Битола. Кажете кога претходната Влада одвоила два и пол милиони евра и за што за Битола? Одберете ја областа која ја сакате и кажете 2,5 милиони евра дадовме дали за амбиенталниот воздух, вработувањата, за економијата, патиштата околу Битола итн, итн. Вака претседателот на Советот Валентин Груевски денес им возврати на советниците од опозицијата кои ги критикуваа краткорочните мерки за животна средина што ги гласаше Советот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани