2win800x200

Невреме проследено со град повторно ја погоди Преспа

Јуни 02, 2018

Невреме, со обилни врнежи од дожд и град, го зафати Ресен и Преспа попладнево. Двапати за само еден месец овој регион е погоден од вакво невреме, а се очекуваат големи штети кај јаболкниците. Овошатрите стравуваат дека родот ќе се преполови и  бараат субвенци за заштитни мрежи над јаболковите насади или повторно во употреба да се вратат градобијните ракети, затоа што Преспа во последните години често има врнежи од град, кои ги уништуваат јаболкта

 

Засега не се знае колкави се штетите,  а доплнително ќе се утврдува дали има штети  врз другите земјоделски култури.

FB IMG 1527961802891

Неколку години наназад ресенските овоштари водат битка со временските непогоди. Лани, доцниот пролетен мраз во април оштети 90 проценти од јаболковите насади, а градот во јуни го уништи остатокот од родот. Ланската реколта,   наместо очекуваните 100 000 тони јаболка, тежеше помалку од 10 000 тони. Производителите изгубија над 20 милиони евра. Колкави ќе бидат штетите од денешното невреме, ќе покажат проценките во наредниот период

Невремето проследено со град ги побеле и плажите покрај Преспанското езеро, кои со оглед на високите температури годинава, веќе се посетени од туристи. Но, очигледно, врнежите им го расипаа викендот на посетителите

IMG 20180602 184347

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани