Ноември 16, 2018

ЈП „Стрежево“ ќе гради фотоволтаична централа

Јуни 12, 2018

Изградба на фотоволтаична централа со јачина до 500 киловати од сопствени средства, планира ЈП „Стрежево“ од Битола. Станува збор за краткорочна или среднорочна инвестиција, од која претпијатието ќе обезбеди дополнителни приходи.

-Чистатата, обновлива енергија е тренд, а со оглед што доаѓам од тој сектор во ова јавно претпријатие намерата ми е максимално да ги искористиме тие обновливи извори. Со оглед дека „Стрежево“ има потенцијал во обновливите извори, сакаме да изградиме сончеви колектори, односно централа од сончевата енергија со јачина од 500 киловати. Имаме изготвено основен проект и физибилити студија,а го имаме и земјиштето, приклучните места и далекуводите, што значи дека сме во многу поволна положба, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Се чекаат подзаконските акти од Законот за енергетика за да се започне со подготвителни активности

-Откако ќе бидат изготвени подзаконските акти на Законот за енергетика, ќе видиме со кои норми се среќаваме, ќе одлучиме да поченме со изградб на нова централа. Нема да користиме ниту кредити, ниту грантови, туку то ќе го напрвиме од сопствени средства, а ќе имаме доплнителни приходи од обновливи извори, додава првиот човек на ЈП „Стрежево“.

Инаку, покрај основнта намена за водоснабдувањето со вода на земјоделските површини во Пелагонија, индустриските капацитети и водснабувањето на населението, акумулацијата повеќе од две децении се користи за производство на електрична енергија на петте изградени мини централи. Преку искористување на хидропотенцијалот на системот, вкупното максимално годишно производство изнесува за околу 12 GWh електрична енергија. Она што е поволно јавното претпријатие е и продажбата на електрична енергија од хидроцентралите која ќе се врши по повисока цена.

- Цената која ја добивме е пазарна цена и е зголемена за 38% во однос на минатогодишната и од постечките 2,3 сега е на 2,9 денари односно ќе имаме зголемен приход од производство на електрична енергија, рече Граматковски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани