Повеќе се купуваат јоргани, помалку книги

Јуни 22, 2018

Штандови со постелнина и штандови со книги се поставени денеска на плошадот Магнолија во Битола.

Битолчани се туркаа и чекаа ред да купат јоргани, перници и друга посетлнина. Заминуваа натоварени.

Веднаш наспроти, на штандовите со книги, имаше ретки посетители, кои разгледуваа, кусо се задржуваа, а малкумина купуваа, иако во Битола нема ниту една продавница за книги.

Продажбата на постелнина од приелепската фирма Комфи Ангел беше дел од хуманитарната акција под мотото „Со љубов да подадеме рака“ во заедничка организација со Здружението за аутизам „Марко Поло“ од Битола.

Можеби битолчни малку читаат книги, но сепак се хумани.

knigi1

 

postelnina2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани