МАНУ И МНД потпишаа меморандум за соработка

Јуни 26, 2018

Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ и Македонско научно друштво-Битола денес потпишаа меморандум за научна соработка во областа на науките и уметностите.

Меморандумот го потпишаа раководителот на Центарот, академик Владо Камбовски и претседателот на МНД-Битола д-р Марјан Танушевски кои обострано изјавија дека со документот се овозможуваат размена на информации, покренување на заеднички научни проекти и студии во областа на општествените науки, како и заеднички настапи пред меѓународни донатори со посебен акцент на европските фондови.

-Во наредниот период очекуваме, пред се заради лоцираноста на МНД-Битола кое е на тромеѓето од три држави во овој регион, да се отворат нови перспективи за научна соработка меѓу државите, односно меѓу научните институции и тоа максимално ќе го поттикнуваме, посочи академик Камбовски на свеченоста во Битола.

Според Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола, меморандумот инициран од МАНУ значи респект на компетентноста на членовите на Друштвото и отворена можност за преточување на научните сознанија во сугестии и препораки корисни за креирање на политики во областа на науките и уметностите.

Македонско научно друштво-Битола и МАНУ денес во овој град приредија и промоција на книгата „Критика на деморализираниот ум“ од академик Георги Старделов за која освен академик Камбовски говореше и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

                         извор МИА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани