Битолската публика ужива со хитовите на С.А.Р.С.

Јуни 28, 2018

Култниот белградски алтернативен рок бенд „С.А.Р.С.“ го преполна плоштадот Гоце Делчев во Битола. Публиката ужива во нивните хитови. Бендот настапи вечерва во рамки на 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град 2018“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола.

 „Свеже Ампутирана Рука Сатријанија“ или скратено „С.А.Р.С.“ е српска алтернативна рок група од Белград, основана во 2006 и од тогаш до денес имаат издадено 9 албуми, многу успешни турнеи и популарни песни. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.

Групата добива награда за музичко откритие за 2008 година од TV Metropolis и освојува две награди од страна на публиката во гласањето кое било организирано од интернет магазинот Popboks за најдобар дебитантски групата и најдобар сингл во 2008 година.

Годинава настапат во Битола после 7 години каде во 2011та го промовираа нивниот тогашен втор албум „Перспектива“ во рамките на фестивалот Битола отворен град.

На големиот концерт како предгрупа настапија и бендовите „THE PRODIGY live tribute band“ од Белград и “FUNK SHUI” од Скопје.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани