2win800x200

Невремето со град го обра родот во делови од Пелагонија

Јули 07, 2018

Невремето што попладнево зафати делови од Пелагонија, предизвика големи штети врз земјоделските посеви, посебно во село Српци и неговата околина, каде врнеше град со големина на орев. Оштетувања најмногу има кај тутунот, но земјодлесците, велат дека уништено е се што е посадено.

-Градот го покоси целиот род, ништо не остана. Тутунот, лозјата, бостанот, пченка и пченица, се е уништено.  Врнеше дваесетина минути, најмногу штети има во  Српци, велат за жители од ова село за апла.мк

Тие бараат општинската комисија на Могила, формирана пред две недели кога град зафати други села во Пелагонија, да изврши увид и да направи проценки на штетите врз нивните имоти.

Речиси никој од земјодлеците од овој крај немаат осигурување за посевите.

 

1

 

 

4

5

6

 

7

8

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани