ВМРО-ДПМНЕ прослави 28 години Општински комитет Битола

Јули 17, 2018

Членови на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, вечерва  во седиштето на партијата прославија 28 години Општински комитет  Битола.

-Никогаш не е доста и никогаш не е доволно кога човек сака искрено и од срце да го даде својот максимум за својот народ, за својот град и за својата татковина. Ние секогаш сме подготвени да се вложиме повеќе и да направиме се што е потребно за една поубава иднина, напиша на својот фејсбук профил  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола пишува „во оваа прилика сакам да се потсетиме на сите оние кои во тоа време пред точно 28 години тука во Битола, во Центарот за култура имаа храброст да ја воскреснат идејата за ВМРО во политичка партија која веќе две децении наназад важи за најголемата и најдобро организирана политичка партија во Република Македонија“.

Тошевски уште додава дека ВМРО-ДПМНЕ има идеологија, и цврста верба да ги отстрани грешките од минатото.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани