Webp.net gifmaker

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека обновата на Копанки не е во надлежност на локалната власт

Октомври 09, 2017
Планинарски дом Копанки Планинарски дом Копанки internet

По речиси 5 години откако до темел изоре планинарскиот дом Копанки на Пелистер и по безброј најави и ветувања од битолската локална власт за негова обнова, сега, во предизборието, повторно се отвора оваа тема, а ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за маннипулација и невозможни ветувања.

-СДС се прави газда на туѓ имот и дава ветувања кои законски немаат никаква врска со општината. Дали се работи за крајно непознавање на надлежностите или намерна популистичка манипулација ? Во секој случај - губење време, замајување и давање ветување кое е незвозможно, изјави на прес конференција, Викторија Христовска , кандидат за член на Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека новата Влада може да го реши проблемот, стар повеќе од 4 години.

-Владата на Заев во секој момент може да даде одобрување за реализација на обезбедените средства на ЕЛЕМ за проектот за реконструкција за Копанки и приказната да заврши среќно за сите. Толку е едноставно, но на СДС му требаат локал-патриотски и емотивни теми за кампања, во немање на други издржани идеи, рече Христовска.

Од СДСМ велат дека проектите што ги ветува ВМРО-ДПМНЕ остануваат само на хартија

-Од ВМРО-ДПМНЕ ги слушаме старо-новите проекти кои ги ветуваат во сите нивни изборни кампањи кои досега требаше да бидат направени. Едно од тие нивни лажни ветувања е и планинарскиот дом Копанки во срцето на Пелистер. Иако, како што рекоа денес, и самите знаеле дека не е под ингеренција на локланата самоуправа, повеќе од 4 години ветуваа дека ќе биде изграден, па така и во оваа кампања, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, повтроно ветува дека ќе го направи, како да заборави дека во изминатиот мандат како пратеник во Собранието на РМ, ги гласаше буџетите во кои беа одбиени сите амандмани на СДСМ за изградба на планинарскиот дом Копанки, рече Борче Корлевски, портпарол на ОО на СДСМ-Битола.

На недоманешта дебата на битолските кандидати за градоначалник на Топ тема на ТВ Телма, на прашањето кога битолчани можат да очекуваат обнова на домот Копанки, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илиоски, рече дека домот е приватна сопственост, а по негова легализација, претходната Влада го задолжила ЕЛЕМ да изготви проект и се чека новата Влада да даде налог за да се реализра. Во изборната програма на кандидатката за градоначалник на СДС, Наташа Петровска, е и обновата на планианрскиот дом, а на дебатата таа рече дека СДСМ во измнатиот период секогаш гласаше за поддршка на проектот за Копанки и додаде дека предолг е периодот на кои битолчани чекаат за обвнова на домот, кој досега требаше да биде изграден.

Инаку, планинарскиот дом Копанки, изгоре на 28 јануари 2013 година. Беше издаден на приватен концесионер од страна на планинарскиот клуб „Пелистер“. По опожарувањето, градоначалникот Владимир Талески, ветуваше дека општината ќе инвестира откако ќе биде легализиран објектот. Подоцна, откако домот беше легализиран, следеа најави за негова обнова. Но, јавноста не дозна зошто и покрај бројните ветувања и иницијативи, планинарскиот дом Копанки, култното место за многу генерации битолчани, никогаш не се издигна од пепелта.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани