Вработени и механизација од РЕК вклучени во гаснењето на Мегленци

Јули 23, 2018

Екипи на Службата за техничка сигурност при АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола од синоќа во 19 часот, со едно противпожарно возило се активно вклучени во ставањето под контрола на пожарот кој избувна на депонијата за смет Мегленци, што се наоѓа во непосредна близина на Комбинатот. Во координација со ЈП Комуналец од Битола кое стопанисува со депонијата Мегленци, вработени во РЕК Битола до денес напладне беа ангажирани во гаснењето на пожарот, односно неговото локализирање и остануваат на располагање до целосно ставање под контрола на ситуацијата.

 

Дополнително, од синоќа во 21 часот механизација која е ангажирана за извршување работи во рудниците на РЕК е ставена во функција на напорите за гаснење на пожарот во депонијата Мегленци. Една утоварна лопата и 8 камиони, согласно напатствијата на ЈП Коминалец, и денес транспортираат земја од РЕК Битола и ја посипуваат депонијата за да спречат повторно разговрување на огнот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани