2win800x200

СЕ БАРА СПАС ОД ДОЛГОВИТЕ НА БИТОЛСКИТЕ УЧИЛИШТА

Јули 24, 2018

И покрај напорите на Општина Битола за надминување на проблемите, училиштата во општината се во незавидната финансиска состојба, се огласи денес преку писмено соопштение градоначалничката Наташа Петровска.

Таа соопшти дека во школите наследиле долг од 4,5 милиони евра, па најголемиот дел училиштата се со блокирани сметки, а ова може да донесе и дополнителни проблеми во нивното натамошно работење. Долговите во училиштата се провлекувале со години наназад.

 

„И покрај напорите на Општина Битола, училиштата се во незавидна финансиска состојба. Напоредно со висината на долгот на училиштата од 4,5 милиони евра, една од причините е што нема законска можност да се платат дел од долговите на блокираните училишта кон надворешните добавувачи, бидејќи цесиите (договор за отстапување на одредено побарување од еден на друг доверител, при што на должникот му останува обврската да ја исплати кон новиот доверител) законски не се дозволени“, соопштина од Општина Битола.

Општина Битола за ваквата наследена состојба во образовниот процес ги информира сите владини надлежни институции и побара да се вклучат во решавање и надминување на проблемот со блокираните сметки.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани