2win800x200

Високи признанија во Турција за градоначалниците на општините Новаци и Могила

Јули 28, 2018

Градоначалниците на општините Новаци и Могила, Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска се во работна посета во градот Ајдин во Република Турција. Официјалната посета се реализира на покана на градоначалничката на градот Ајдин, Озлем Черчиоглу и претседателот на Здружението на иселениците од Македонија во Турција, Тургут Ѓулмуш. 

Во рамките на посетата, градоначалниците Кузманоски и Гулевска остварија средби со градоначалници од општини кои се во состав на градот Ајдин, на кои што средби беше договорена заедничка меѓуопштинска соработка во повеќе сфери како и збратимување на македонските со турските општини. 

 

Покрај официјалните средби со градоначалници на општини од градот Ајдин, градоначалникот Кузманоски и градоначалничката Гулевска ги посетија туристичките места кои се под заштита на УНЕСКО, популарното Памуккале, античкиот локалитет Ефес, куќата на Богородица, гробот на Св. Јован Крстител во градот Селџук, како и туристичките места Кушадаси и Дидим. 

Во градот Ајдин живеат повеќе од 300.000 иселеници од Македонија, кои што се населиле во педесетите години на минатиот век. Но, иако изминале многу години сеуште ја чуваат својата традиција, култура, а исто така говорат и македонски јазик. Оваа година во градот Ајдин по 18. пат се одржува фестивал на македонска култура и музика, на кого што на првата фестивалска вечер градоначалниците на општините Новаци и Могила се здобија со највисоки признанија за успешна меѓуопштинска соработка и збратимување на македонските со турски општини.

Првата фестивалска вечер се одржа во поранешната општина Чештепе во градот Ајдин, каде што градоначалниците остварија средба со турските иселеници од Македонија. 

Градоначалниците на општините Могила и Новаци остварија средба и со градоначалникот на Општина Дидим, а исто така се одржа и состанок со лица од бизнис секторот пред кои што беа

презентирани можностите за инвестирање во општините Новаци и Могила.unnamed

ббеб

могила

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани