2win800x200

Заменик градоначалникот на Париз, кој има битолско потекло,се сретна со Петровска

Август 01, 2018

Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој по потекло е битолчанец, но роден е и живее во Париз, оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Најдовски во Париз е задолжен за областите мобилност и превоз. Токму организацијата на превозот и сообраќајот во градот беше тема на разговор на средбата помеѓу него и Петровска. Исто така, беа разгледани и можностите за идна соработка во повеќе области и размена на позитивните искуства од двете страни.

 

Кристоф Најдовски, како припадник на партија која во прв план ја има заштитата на природата, посебно се интересираше за развојот на Пелистер, особено за напредокот во еко туризмот и велосипедизмот, бидејќи Битола се повеќе е присутна на мапата на светските дестинации за еко туризам и велосипедизам.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани