2win800x200

Од 13 август магнетната резонанца во Битолската болница ќе работи и ден и ноќ

Август 01, 2018

Од 13 август магнетната резонанца во Клиничката болница во Битола ќе работи 24 часа секој работен ден, поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од Битолската болница. Од таму велат дека оваа пилот програма за работа на магнетната резонанца ја најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клничката болница пред пет дена. Тој рече дека ваквите мерки се преземаат во интерес на пацинетите, со цел да се намалат листите на чекање.

 

„Ветувањето при посетата на министерот за здравство Венко Филипче на Клиничка Болница во  Битола  за работата на магнетната резонанца станува реалност, односно новите термини за работат стартуваат од 13 август. Нашата Клиничка Болница е избрана за пилот програмата каде магнетната резонанса ќе работи  до полноќ секој работен ден за пацинети закажани преку 'Мој термин', а потоа со приоритетни и пацинети со болнички упат. Во викендите од 8 до 18 часот, а  доколку се појави потреба и викендите ќе бидат 24 часовни. Термините се веќе пуштени на ‘Мој термин’. Екипирани сме и се надеваме дека со вакви термин на работа ќе се намали чекањето за снимање и нашите пациенти ке бидат задоволни“, вели Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница од Битола

Пацинетите со приоритетни упати можат да закажат снимање на телефон 047 243 535 или на шалтерот за Рендген службата во Клиничката болница38046209 2059909274020586 5907247467153326080 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани